Отворање на линија за донирање во ONE

Здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ отвори посебна линија за донации (075-143-800) чии што средства ќе бидат употребени за да им се помогне на родителите кои имаат дете со Аутистичен спектар на нарушување во нивниот дефектолошки и логопедски третман.


Учество во семинарот организиран од UNICEF во Република Македонија на тема „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“

Една од целите на овој семинар (организиран од UNICEF-Македонија, со гости-предавачи од PACER-САД) беше изнаоѓање на начини на вклучување на овие деца во редовната училишна настава, како и вмрежување на родителите со една цел да тие полесно соработуваат и се подржуваат. Здружението како дел од семинарот потпомогна со останатите во Продолжи со читање →


Проект за помош на социјално загрозените семејства за третман на нивните деца со Аутистичен спектар на нарушувања

Проектот се базира на подршка и финансиска помош на социјално загрозените родители, самохраните родители и сите оние кои немаат финансиски средства за третман на нивните деца.  Целта на овој проект е да им се помогне на родителите кои имаат дете со Аутистичен спектар на нарушувања во нивниот дефектолошки и логопедски Продолжи со читање →


Зајакнување преку знаење

Здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ со добивање на грант од Демократската комисија за мали грантови од Американската Амбасада во Скопје, започна проект за оспособување на граѓаните во Република Македонија преку јавна информативна кампања за обезбедување на информации и ресурси за подобро да ги задоволи потребите на децата со посебни Продолжи со читање →


Отворање на линија за донирање во VIP

Здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ отвори посебна линија за донации (077-143-183) чии што средства ќе бидат употребени за да им се помогне на родителите кои имаат дете со Аутистичен спектар на нарушување во нивниот дефектолошки и логопедски третман.


Панел дискусија

На ден 02.04.2011 година Светскиот ден на аутизмот, Здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ во Амфитеатарот 2 на Медицинскиот факултет во Скопје, одржа панел дискусија на тема „Што е аутизам, третман на лицата со аутизам во Република Македонија и третман на лицата со аутизам во светот“ каде учество земаа стручни Продолжи со читање →


Информативна публикација

Здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ со изработката на оваа публикација има за цел да ја зголеми свеста на заедницата за оваа проблематика. Со поголемата информираност ќе се зголеми свеста на општеството и ќе се започне со прифаќање на лицата со наведените синдроми како рамноправни граѓани со останатите ќе се Продолжи со читање →