ПРОЕКТНИ АКТИВНОСТИ ВО 2012-ТА

1. Годишно собрание Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ на ден 14.03.2012 (прв роденден на здружението) одржа свое прво годишно собрание на кое покрај управниот одбор присуствуваа членови, родители и волонтери на здружението. На собранието беше направена ретроспектива на едногодишната работа на здружението и беа изнесени заклучоци, насоки во кои ќе делува Продолжи со читање →


Одржан хуманитарен Новогодишен базар

На ден 25.12.2011 година здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ во соработка со Балетското студио ЕУРЕКА и Зоолошката градина во Скопје организираа хуманитарен новогодишен базар кој се одржа во Едукативното катче во Зоолошката градина. Балетското студио ЕУРЕКА настапи со кореографски игри. Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ донираше 150 новогодишни пакетчиња.


Учество на ТЕЛЕТОН

На ден 17.12.2011 година здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ учествуваше на ТЕЛЕТОН, донаторска емисија на националната телевизија МТВ организирано од страна на здружението ХУМАНО СРЦЕ ЗА СИТЕ – Скопје.


Одржана обука за Сензоријална интеграција

Во период од 10 до 12 декември 2011 година во Амфитеатарот 2 на Економскиот факултет во Скопје се одржа обука за сензоријална интеграција за стручни лица и родители чии деца имаат аутистичен спектар на нарушувања. Овие обуки претставуваат дел од проектот Зајакнување преку знаење. Овие обуки ги одржа Окупационалниот терапевт Продолжи со читање →


Одржана обука за работа со терапијата АБА

Во период од 2 до 4 декември 2011 година во Предавална 4 на Економскиот Факултет во Скопје се одржа обука за работа со терапијата АБА (АВА – Applied Behavior Analysis) за родители чии деца имаат аутистичен спектар на нарушувања. Овие обуки претставуваат дел од проектот Зајакнување преку знаење. Овие обуки Продолжи со читање →


Одржана обука за работа со терапијата АБА

Во период од 25 до 27 ноември 2011 госина во Клиничката болница СИСТИНА се одржа обука за работа со терапијата АБА (АВА – Applied Behavior Analysis) за стручните лица кои работат со оваа проблематика. Овие обуки претставуваат дел од проектот Зајакнување преку знаење. Овие обуки ги одржаа Специјалниот психопедагог Лаура Продолжи со читање →


Одржано предавање во ЈУ Општинска детска – Градинка „Распеана младост“ – Скопје

На ден 16.11.2011 година, во Детската градинка „Распеана младост“ – Скопје, здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ одржа предавање на тема „Што е АДХД, кои се неговите карактеристики, неговиот третман и образовниот пристап“.      Целта беше да им се понуди на стручниот кадар и на родителите информации и да Продолжи со читање →


Учество во работилница за формирање на Ресурсен центар за родители на деца со посебни потреби во организација на UNICEF и PACER

На 16 и 17 ноември 2011 година дел од тимот на здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ беше вклучен во втората работилница за формирање на ресурсен центар за родители на деца со посебни потреби. Фокусот беше во областите на политика, обуки, ресурси и материјали, како и маркетинг и подигнување на Продолжи со читање →


Организација на симпозиум за образовна свест

На ден 05.11.2011 год, во хотел Александар Палас здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ организираше Симпозиум за образовна свест: Зајакнување преку знаење, со наслов : „Разбирање на посебните потреби на децата со аутистичен спектар на нарушувања “. Целта беше да и се понуди на јавноста и знаење и подршка во Продолжи со читање →


Организација на хуманитарен хепенинг

На ден 09.10.2011 (недела) во Зоолошката градина во Скопје, здружението на граѓани „ВО МОЈОТ СВЕТ“ организираше манифестација посветена за подигнување на јавната свест на национално ниво за Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром. Подржувачи на овој настан беа: г-ѓа Маја Иванова, министерот за образование и наука Г. Панче Кралев, дел од Продолжи со читање →