Април-месец на Аутизмот во Република Македонија

По повод 2 Април, светскиот ден на Аутизмот здружението ВО МОЈОТ СВЕТ го прогласи месец Април 2012 за месец на Аутизмот во РМ и спроведе интензивна проект-кампања под името ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ чија цел беше зголемување на јавната свест и корпоративната одговорност за овој проблем. Одржани беа низа активности, Продолжи со читање →


Годишно собрание

На 14.03.2012 здружението ВО МОЈОТ СВЕТ по повод едногодишното постоење и работење пригодно го одбележа својот прв роденден, а воедно беше одржано и првото генерално собрание на кое беа сумирани резултатите од едногодишната активност и беа донесени заклучоци и насоки во кои ќе делува здружението во наредниот период.