Зоо прошетка

  На 28.10.2011 во организација на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ се реализираше прошетка низ зоолошката градина во Скопје наменета за родителите и децата со аутистичен спектар на нарушувања како и други граѓани и подржувачи на здружението.


Хуманитарен новогодишен базар

    На ден 25.12.2011 година здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ во соработка со Балетското студио ЕУРЕКА и Зоолошката градина во Скопје организираа хуманитарен новогодишен базар кој се одржа во Едукативното катче во Зоолошката градина. Балетското студио ЕУРЕКА настапи со кореографски игри. Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ донираше 150 новогодишни Продолжи со читање →


Организација на хуманитарен хепенинг

На ден 09.10.2011 (недела) во Зоолошката градина во Скопје, здружението на граѓани „ВО МОЈОТ СВЕТ“ организираше манифестација посветена за подигнување на јавната свест на национално ниво за Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром. Поддржувачи на овој настан беа: Г-ѓа Маја Иванова, министерот за образование и наука Панче Кралев, дел од дипломатскиот Продолжи со читање →


Организација на симпозиум за образовна свест

На ден 05.11.2011 год, во Хотел Александар Палас здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ организираше СИМПОЗИУМ ЗА ОБРАЗОВНА СВЕСТ: ЗАЈАКНУВАЊЕ ПРЕКУ ЗНАЕЊЕ, СО НАСЛОВ: „Разбирање на посебните потреби на децата со аутистичен спектар на нарушувања “. Целта беше да и се понуди на јавноста и знаење и поддршка во врска Продолжи со читање →


Панел дискусија

На ден 02.04.2011 година Светскиот ден на аутизмот, Здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ во Амфитеатарот 2 на Медицинскиот факултет во Скопје, одржа панел дискусија на тема „Што е аутизам, третман на лицата со аутизам во Република Македонија и третман на лицата со аутизам во светот“ каде учество земаа стручни Продолжи со читање →