ПРИРАЧНИК – Дефеклошка теорија и практика

„Дефектолошка теорија и практика“ е научно списание за специјална едукација и рехабилитација  на лицата со инвалидност. „Дефектолошка теорија и практика“ објавува истражувачки рецензирани трудови од областа на специјалната едукација и рехабилитација на лица со лесна, умерена и тешка инвалидност. Во списанието можат да се објават оригинални и прегледни трудови, куси извештаи, писма до уредникот, резимеа од магистерски и докторски трудови, прикази на случаи, вести и информации и други придонеси од областа на дефектологијата, медицината, психологијата, педагогијата, социјалната работа и социјалната политика и други сродни научни дисциплини.

Издавачи на овој прирачник се:

  • Филозофски факултет – Институт за дефектологија, Скопје Р.С. Македонија
  • Сојуз на дефектолози на Р.С. Македонија
  • Здружение на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром “Во Мојот Свет”

Издавањето на овој прирачник беше кофинансирано од страна на Министерство за култура на Р.С. Македонија.

Линк до Прирачникот:

Прирачник – Дефектолошка теорија и практика