Потпишан Меморандум за соработка

Здружението на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром “Во Мојот Свет”  потпиша Меморандум за соработка со Филозофскиот Факултет, поточно со Институтот за Специјална Едукација и Рехабилитација и Компанијата Young Engineers  – Скопје, Македонија за промоција и имплементација на програмата Build Up, наменета покрај другото и за децата со аутистичен спектар на нарушување.

Имплементацијата на оваа програма има за цел да преку игра  и забава се поттикне комуникацијата, концентрацијата, развојот на фината моторика, независност, одговорност, способност за вклучување во игра со правила и емоционална контрола што е од исклучителна важност за овие деца.

Здружението, како и досега, така и во идинна ќе ги поддржува ваквите иницијативи за спроведување  на сите позитивни третмани и практики кои даваат резултати  кај децата со аутистичен спектар на нарушување, истакна Претседателот на Здружението, Златко Стојановски.