Амбасадата на Република Чешка со поддршка за “Во Мојот Свет”

Потпишувањето на договор за донација помеѓу Амбасадорот на Република Чешка во Р.С.Македонија, Мирослав Томан и Претседателот на Здружението “Во Мојот Свет” Златко Стојановски, претставува почеток на соработка помеѓу Амбасадата и Здружението.

Предмет на договорот е донација од страна на Амбасадата на Република Чешка за Здружението, за целосно опремување на  Центар за Рехабилитација, Едукација и Сензорна терапија во рамки на Болницата Св. Еразмо во Охрид.

 

Опремата за работа во Центарот ќе биде обезбедена од САД и Велика Британија, и ќе соодејствува со сите светски стандарди за опрема наменета за ран третман за работа со деца со аутистичен спектар.

Овој проект е предвидено да се спроведува три години, а набавката на опремата е прва во низата на активности кои се предвидени со истиот. Понатака, предвидено е спроведување на хидро терапија, терапија со кучиња, изградба на Сензорен парк, ликовни работилници и изложби, конференциска сала и други содржини.