Во Мојот Свет по трет пат на Годишно Генерално Собрание на АДХД Европа

Здружението Во Мојот Свет веќе три години е рамноправна членка на АДХД Европа, а претходниот викенд во Дубровник беше одржано Годишното Генерално Собрание за 2019 година.

АДХД Европа постои за да ги унапреди правата и достоинството и се залага за сите оние кои се засегнати од АДХД  низ цела Европа. АДХД Европа има визија за инклузивна европска заедница, каде што луѓето погодени од АДХД можат да го постигнат својот целосен потенцијал, а исто така можат да придонесат и за благосостојбата на нивната заедница и поширокото општество. АДХД Европа е посветена на борбата против стигмата, неправдата и нетолеранцијата што луѓето со АДХД се соочуваат во нивниот секојдневен живот.

Дополнително ќе бидат објавени и детали од Собранието, штом биде изготвен и преведен на македонски Извештајот од Собранието.