Македонија во сино! Се одбележува 2-ри Април – Меѓународниот ден на свесноста за аутизмот

По повод 2-ри Април – Меѓународен ден на свесноста за Аутизмот а по иницијатива на Здружението ‘’Во Мојот Свет” и Амбасадата на Р. Бугарија во Р. Северна Македонија, зградите на Владата на Р. Северна Македонија, Археолшки музеј, општините Аеродром Охрид и Битола, како и Домот на култура во Тетово беа осветлени сино, во знак на поддршка на лицата со аутистичен спектар на нарушување.

Со резолуција на Генералното Собрание на Обединетите Нации од 2007 година, 2-ри Април се одбележува како Меѓународен ден на свесноста за Аутизмот, а симболично многу објекти во светот се осветлуваат во сина боја.

Здружението веќе 6 години активно ја поддржува кампањата Light It Up Blue, а години наназад во сино беа осветлени многубројни значајни објекти во земјата, како што се Археолошки музеј, Министерство за Надворешни работи, Кабинетот на Претседателот на Републиката и сл.

Дел од настанот беа и студентите од Институт за дефектологија при Филозофски факултет како и членови на Волонтерски Центар – Скопје.