Што е Play Attention?

ШТО?

Едуфидбек е технологија која настанала со комбинација на скенирање мозочни импулси, когнитивни вежби и техника на обликување на однесување. Овој сеопфатен состав за вежбање и одржување на внимание се нарекува  Play Attention.

ЗОШТО?

Play Attention – им помага на поединци – деца или возрасни лица да го согледаат својот потенцијал во контролирањето на внимание и однесувањето, со цел истите да ги подобри.

Како водечка технологија во едукативни, когнитивни и бихевиорални интервенции кај лица со АДХД, Play Attention:

  • Развива задржување на внимание;
  • Го подобрува игнорирањето на елементите од околината;
  • Го подобрува памтењето;
  • Го подобрува завршувањето на задачите;
  • Го олеснува организирањето;

Преку третман со Play Attention се подобрува успехот на децата во училиште, или на работното место, се зголемува самопочитта, како и задоволството во животот.

КАКО?

Play Attention се состои од BodyWave направа која се поставува на нога или рака и програма која содржи забавни видео игри. BodyWave направата испраќа информации за мозочните активности за време на играта – и на тој начин целосно преку внимание и концентрација го контролирате текот на играта.

По завршување на играта, програмата ви дава повратни информации за нивото на вашето внимание. На овој начин имате увид за тоа како се чувствувате кога целосно сте посветени на задачата, развивате вештини кои ви помагаат да останете сконцентрирани и успешно учење. Вежбањето го задржува вниманието за време на задачата кои не се стимулативни и кои содржат различни дистриктивни елементи, се вежба намалување на времето потребно за решавање на задачата, лесно ги следите насоките и ги игнорирате елементите од околината.

Сите може да имат придобивки, независно од времето, околината, професијата или образование!

КОГА?

Првите резултати во поголем дел од случаевите може да се забележат по завршени 20 третмани – подобри вештини, подобро слушање, полесно започнување на задачите, самостојно започнување и завршување на задачите, подобра организираност…

Со цел да се оствари долготраен напредок, потребно е да се завршат 40 третмани (60 доколку постојат и бихевиорални проблеми). Еднаш усовршени вештини со помош на Play Attention се задржуваат долгорочно бидејќи се користат  во секојдневниот живот.

Здружението Во Мојот Свет минатата година доби сертификат за работа со Play Attention,и веќе активно се применува во рамки на Центарот за Сензорна терапија.

Повеќе информации за Play Attention може да дознаете на официјалната страна neurotech.hr