Работилница за развивање на социјални вештини

Според Програмата на Здружението за 2018-та година, за развивање на социјални вештини на децата и лицата со Аутизам и АДХД, Здружението започна со организација на работилниии од различни области за развивање на социјални вештини кои што во иднина би прераснале во самостојна работа и излегување на пазарот на трудот, на лицата со Аутизам и АДХД. Оваа работилница се реализираше во соработка со г-ѓата Валентина Здравевска која е долгогодишен обучувач за рачно и машинско плетење во низа проекти, меѓу кои се и обуките за стари вештини од стари занаети што се спроведуваат преку Агенција за вработување на Р. Македонија.