Промоција на проект за социјални пакети

 

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, Амбасадорот на Р. Бугарија Иван Петков и градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин го посетија Центарот за Сензорна Терапија – Во Мојот Свет, каде што ќе се реализира проектот за ран третман и терапија на деца со аутистичен спектар на нарушувања од социјално загрозени семејства.

Координаторот на проектот, Александар Стојановски го презентираше проектот изработен од страна на МТСП во соработка со здружението “Во мојот свет”. Финансиските средства се донација од Министерствто за надворешни работи на Р. Бугарија.

“Нашата цел е да ги поддржиме постоечките социјални услуги но и да развиваме нови и да ги подржуваме. Секоја поддршка на овој пат на реформа на системот на социјална заштита и воспоставување на социјалните услуги е добредојдена. Затоа сакаме да изразиме огромна благодарност до Р. Бугарија, до општината Аеродром  како и до здружението “Во мојот свет” како социјални партнери.” – изјави Мила Царовска

“Мене ми е огромна чест и задоволство да го видам почетокот на овој проект. Не радува што во овој центар има прогрес и успех. Нашата држава и амбасада ја помагаат оваа дејност повеќе години. Сакам да упатам благодарност до Владата на Р. Македонија, особена благодарност до министерката Мила Царовска која го поддржа овој проект, и секако благодарност до општина Аеродром.” – изјави Иван Петков, амбасадор на Р.Бугарија во Р.Македонија.

Златко Марин посочи дека општината потпиша Меморандум за соработка со здружението “Во мојот свет” . Определивме средства од буџетот на општината за подобро функционирање на здружението, и работа во втора смена. Исто така, соработката ќе продолжи во повеќе насоки и други проекти.

Здружението “Во мојот свет” изразува голема благодарност до МТСП, до министерката Мила Царовска, до амбасадата на Р. Бугарија, амбасадорот Иван Петков. како и до општина Аеродром и градоначалникот Златко Марин за изработката и помошта за успешна реализација за овој за нас мошне важен проект.