Креативна работилница “Едно Сонце За Сите Деца”

Во соработка со Амбасадата на Р.Бугарија, Националната Галерија на Р.Македонија и здружението “Имаго Плус” на 18.11.2017 год. здружението “Во Мојот Свет” организираше ликовна работилница под водство на академскиот сликар и педагог Тони Шулајковски.

Учесници на работилницата беа деца со аутистичен спектар на нарушување кои и овој пат ги покажаа своите таленти од областа на сликарската уметност. Целиот настан беше пропратен со пријатните гитарски звуци на стидентите од факултетот за музичка уметност, под водство на професор Дарко Багески. Инспирирани од сликите кои ги насликаа дечињата се роди идеја, да во периодот кој следува се основа сликарска секција при здружението, каде што со децата интензивно ќе работат еминентни академски уметници.

Изразуваме благодарност до Амбасадата на Р. Бугарија и Националната Галерија на Р. Македонија за континуираната поддршка што несебично ни ја пружаат изминативе години, за целосна интегација и вклучување на децата со аутистичен спектар на нарушување во сите сфери на општествениот живот.