Отворен Центар за сензорна терапија Во Мојот Свет

Под покровителство на сопругата на Претседателот на Р.Македонија г-ѓа Маја Иванова на 22 Јуни 2016 година свечено беше отворен Центарот за сензорна терапија –Во Мојот Свет.Пред  многубројните новинари госпоѓата Иванова истакна дека отварањето на Центарот е успешен  пример за една конструктивна соработка помеѓу граѓанскиот сектор и државните институции и воедно се заблагодари на Владата на Р.Македонија,Министерствата за одбрана на Труд и социјална политика и општина Аеродром,како и бизнис заедницата што ја препозна хуманата идеа да се отвори еден ваков Центар и што помогнаа во реализација на проектот.На отварањето присуствуваше и Амбасадорот на Р.Бугарија неговата ексцеленција г-дин Иван Петков,кој во својот поздравен говор ја истакна важноста од постоење на една ваква институција за ран третман за најмладата популација погодена од аутистичниот спректар на нарушување во Р.Македонија.

Покрај многубројните гости од јавниот живот цо нашата земја од страна на претседателот на Здружението Во Мојот Свет г-дин Златко Стојановски беа доделени благодарници на истакнати поединци,компании и институции кои со своето залагање и донации придонесоа за реновирање и опремување на Центарот.Центарот за сензорна терапија располага со 130м и е опремен со најсовремена опрема за истата терапија.Целосната опрема е донација на амбасадата на Р.Бугарија.

Управниот одбор на здружението Во Мојот Свет изразува голема благодарност до сопругата на Претседателот на Р.Македонија госпоѓата маја Иванова за нејзината иницијатива и ангажираност во овој проект.Исто така изразуваме голема благодарност до неговата ексцеленција амбасадорот на Р.Бугарија г-дин Иван Петков за доделената опрема за Центарот и секако благодарност до Владата на Р.Македонија,Министерството за одбрана,Труд и социјална политика и општина Аеродром.