Донација од Sparkasse Банка

sparkasse1

Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ врз основа на договор за соработка веќе неколку години соработува со Sparkasse Македонија и на сите негови организирани настани присутна е  нивната маскота Медо Штедо. Sparkasse банката, како една од најкорпоративно-одговорните компании во РМ која редовно помага со донации секогаш кога е тоа возможно. Така во неколку наврата на здружението, за неговите потреби му донираше ИТ технологија и канцелариски инвентар со што овозможи унапредување во работата на здружението.

Здружението се заблагодарува за нивната огромна подршка во работата и логистика во реализираните настани со надеж дека соработката ќе продолжи и во иднина.