Одбележување на 2 Април 2015 година

xxx

По повод 2-ри Април, Меѓународниот ден на аутизмот здружението ВО МОЈОТ СВЕТ традиционално и оваа 2015 година го одбележа денот со пригодна програма во скопскиот Capitol Mall, со што официјално започна овогодинешната кампања ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ (Април-месец на аутизмот).  Со настап на детските музички ѕвезди и присуство на деца и родители од здружението, како и истакнати личности од јавниот живот на РМ годинешното одбележување помина под покровителство на амбасадорот на Р. Бугарија во РМ, неговата екселенција, г-нот Иван Петков. На настанот присуствуваа и конзулите на Р. Грција и Р. Италија, претставници од НАТО како и нашите ценети подржувачи-мото клубот Ноќни Волци-Македонија. Отворено писмо и честитки беа прочитани од г-ѓата Маја Иванова, постојаниот подржувач на работата на здружението која поради работни обврски не успеа да дојде лично на настанот. По настапот на дечињата гостите имаа можност во холот на Capitol Mall да учествуваат во склопувањето на големата сложувалка-симбол на аутизмот, а традиционално и пред објектот беа пуштени во воздух балони во сина боја (бојата на аутизмот). Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ се заблагодарува за соработката и масовното учество на овој настан на сите негови подржувачи, спонзори и членови за ангажманот околу успешноста во реализацијата.

Во предвечерјето на денот во договор со Археолошкиот музеј на Македонија здружението го осветли истиот во сина боја со што уште еднаш ја вклучи и Р. Македонија во светската кампања LIGHT IT UP BLUE, кога на меѓународниот ден на аутизмот ширум светот се осветлуваат колосални објекти и знаменитости во бојата на аутизмот во знак на подршка на лицата и семејствата зафатени со овој проблем.