Музикотерапија во Зоо

aaz

Во текот на одбележувањето на Април-месец на аутизмот 2015 година здружението ВО МОЈОТ СВЕТ организираше настан за дечињата со аутизам во Зоолошката градина Скопје. Покрај дружењето и социјализацијата на дечињата беше приготвена и изведена прва, основна работилница по музикотерапија. Воведувањето на дечињата во светот на музиката и реализацијата на работилницата, во присуство на родители и стручни лица од здружението го направија Мерсиха Шукри на харфа и Златко Михајловски на удирачки инструменти. Се набљудуваа реакциите и интересот на дечињата за инструментите, а потоа и самите имаа можност на пробаат под водство на Мерсиха и Златко. Здружението има во план ваквите работилници да се продлабочат и почесто да се одржуваат.

Дружбата на дечињата се комплетираше со возење со возот и посета на некои од животните во Зоолошката градина Скопје. Здружението се заблагодарува на Мерсиха и Златко за нивниот придонес и секако на Зоолошката градина Скопје која секогаш е отворена за нашите дечиња.