Изложба СИТЕ БОИ НА ЉУБОВТА

gg

Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ во соработка со Националната галерија на Македонија ја отвори изложбата „Сите бои на љубовта“ во Чифте амам од цртежи од дечињата со аутистичен спектар создадени во тек на неколку работилници по повод кампањата ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ што се одвива во тек на месец Април-месецот на аутизмот. Изложбата е резултат на заедничката соработка на здружението со Националната галерија, дечињата од здружението и нивните родители, дефектолози и подржувачи на здружението. Во присуство на гости, родители и дечиња како и амбасадорот на Р. Бугарија во РМ, г-нот Иван Петков кој е покровител на овогодинешната кампања изложбата ја отвори министерката за култура, г-ѓата Елизабета Канчевска-Милевска, која во своето обраќање до присутните истакна дека оваа изложба покажува дека и децата со аутизам имаат извонредни таленти за уметничко творење кои треба секојдневно да се негуваат и унапредуваат во заедничка работа со стручните лица и родителите. Министерката истакна дека ова е само почеток на една долготрајна и плодна соработка со здружението ВО МОЈОТ СВЕТ и дечињата со аутистичен спектар.