Божиќен Базар „Подајте рака, допрете срце“

IMG_4216

На 20-ти декември 2014 година во Сити Мол, Меѓународната градинка Сент Пол и Здружението „Во Мојот Свет” го одржаа Божиќниот Базар „Подајте рака, допрете срце”, со ракотворбите на децата од градинката (направени заедно со нивните вредни воспитувачки) и малите волонтери на Здружението кои несебично со своите мали рачиња изработуваа новогодишни и божиќни украси за да им помогнат на своите мали другарчиња.
Во оваа акција во која се собираа средства за дневниот центар за деца со аутизам при Здружението, огромна хуманост покажаа и дадоа поддршка Вивакс, Систина, Тинекс, Т-Мобајл, Џонсон Мети, Магна Скен, Сити Мол, родителите на децата од градинката и голем број поединци.
Градинката „Сент Пол” и Здружението „Во мојот свет” изразуваат огромна благодарност за поддршката на настанот „Подајте рака, допрете срце”.