ВО МОЈОТ СВЕТ во Тетово

aa1

По повод организирана трибина на студентите по медицина од Државниот универзитет во Тетово на тема: „Аутистичен спектар на нарушувања“, а по покана на Деканот на факултетот за медицински науки здружението ВО МОЈОТ СВЕТ присуствуваше на истата со цел запознавање на студентите со целите и мисијата на здружението како и осврт на неговата досегашна работа и улога во општеството во подршката и помош на семејствата кои имаат член со аутистичен спектар на нарушување. Пред присутните говореше потпретседателот на здружението, г-ѓата Весна Стојановска која покрај претставувањето на здружението ја истакна отвореноста и спремноста на здружението за вмрежување и отворена соработка со студентите и Универзитетот, како и работа на заеднички проекти од општествено значење.