ОБУКИ ПО PECS И ФУНКЦИОНАЛНА ABA

1peks11

Најавените обуки по PECS и функционална ABA што здружението ВО МОЈОТ СВЕТ ги организираше во соработка со ПОУ Маца Овчарова и Peace Corps Macedonia се спроведоа во периодот од 6-9 Ноември 2014 година, на Филозофскиот факултет во Скопје, на задоволство на големиот број заинтересирани партиципиенти. Обуките кои беа наменети за стручни лица и родители беа имплементирани под водство на претставниците на пирамидалните образовни косултанти од Грција кои се единствени авторизирани застапници на PECS® и Pyramid Approach to Education® за обуки во Македонија: пирамидалните консултанти Елеана Логотети, Софија Кулура и Елени Скури од Р. Грција.

Обуките се изведоа во два дела, функционална ABA и втор дел PECS. На четиридневната интензивна обука присуствуваа над 100 партиципиенти од цела Македонија, како и претставници од Карин Дом, Варна (Р. Бугарија) и ФСПЕР од Р. Србија. Обуките кои поминаа во пријатна и работна атмосфера, покрај теоретскиот се работеше и практичен дел, со показни вежби и видеа за партиципиенти поблиску се запознаат со методите на работа со овие терапии. Обуките ги посетија и поздравија професор д-р Љупчо Ајдински, доајен на македонската дефектолошка наука и пракса како и амбасадорот на Р. Бугарија во РМ, г-нот Иван Петков кој изрази посебна желба да се сретне со своите сограѓани и стручни лица од Карин Дом, Варна. Имплементираните обуки се однесуваа на првото ниво од PECS, како и Functional ABA: Basic Training, а партиципиентите се здобија со сертификат од Pyramid Approach to Education® USA.

Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ го изразува своето задоволство од масовната посетеност и интересот кој го предизвикаа обуките, како и начинот и атмосферата во која беа спроведени и се надева дека во најкраток можен рок ќе се организираат повторно обуки за следното ниво од PECS и функционална ABA. Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ, исто така сака да ја изрази својата огромна благодарност кон сите оние кои се вклучија и логистички го подржаа реализирањето на овој значаен проект: ОКТА АД Скопје, Тинекс МТ Скопје, Queen`s Hotel-СкопјеДуна Компјутери, Министерство за надворешни работи на РМ, потоа деканот на Филозофскиот Факултет при Универзитетот Кирил и Методиј-Скопје, г-нот Горан Ајдински, потоа Жито Лукс АД Скопје, пекара Ваташа, пекара Специјал, Златно Зрно, Фондација Аполонија-ГевгелијаВиталија Никола ДОО Скопје како и амбасадата на Р. Бугарија во РМ и неговата екселенција, г-нот Иван Петков за укажаната чест и посета на обуките. И се разбира, нашата благодарност до партиципиентите, стручни лица, родители и претставници на институции за покажаниот интерес и ангажман за успешно имплементирање на обуките.