СВЕТСКИ ДЕН НА ШТЕДЕЊЕТО СО SPARKASSE

da1

По повод Светскиот ден на штедењето, 31 Октомври 2014 година, здружението ВО МОЈОТ СВЕТ во соработка со Sparkasse Bank организираше настан и дружење со децата и родителите од здружението. Настанот се одржа во просториите на Дневниот центар за деца со аутизам во Скопје каде дечињата ги анимираше и забавуваше маскотата на Sparkasse Bank-Медо Штедо, а во оваа прилика беа поделени и пригодни подароци на радост на дечињата. Настанот помина во весела атмосфера и дружење, со музика и рекреирање со реквизитите од Дневниот центар, а родителите и стручните лица во меѓусебната комуникација можеа да разменат значајни информации и искуства.

Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ уште еднаш се заблагодарува за соработката и подароците кои ги обезбеди Sparkasse Bank, а воедно се заблагодарува и на персоналот на Дневниот центар за деца со аутизам за топлиот прием и соработката.