Средба со Душко Миноски

dsc04541xx

Како резултат на залагањата на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ за средби и размена на информации со своето членство и родителите на деца со аутистичен спектар на 10 Септември 2014 година во просториите на здружението беше организирана средба со г-нот Душко Миноски, претседател на комисијата за заштита од дискриминација. На оваа средба со родителите на тема: Дискриминацијата во општеството на лицата со аутизам, г-нот Душко Миноски даде осврт на работата на комисијата, мерките и законите за заштита од дискриминација, како и детекција на најчестите механизми и слабости каде се јавуваат проблеми по однос на дискриминацијата на лицата со посебни потреби, а воедно и на лицата со аутистичен спектар. Во една дискусија која се разви на средбата родителите имаа можност да поставуваат прашања со кои најчесто се засегнати по однос на едукацијата и образовните институции, здравствената заштита и осигурување, социјалната помош и олеснувања за овие семејства како и за стручноста на кадарот кој е инволвиран во работата со нивните деца.

Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ срдечно се заблагодарува на г-нот Душко Миноски за одвоеното време и за неговата темелност и стрпливост со која одговараше на поставените прашања во сферите на интерес на родителите, а воедно благодарност и до родителите за креативната дискусија, за која веруваме дека даде одговор и нови информации за повеќе прашања за правата на нивните дечиња и ќе помогнат за надминување на проблемот со дискриминацијата на овие лица во општеството.