ВОЛОНТЕРИЗМОТ ВО СЛУЖБА НА АУТИЗМОТ-ВТОР ДЕЛ

na  vo_mojot_svet_logo_so_text copy

Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ по успешно реализираниот проект “Voluntarism in service of autism” во 2013 година, како резултат на добиениот грант од Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност на Република Македонија ќе имплементира и реализира втор дел под истиот работен наслов, во Струга, во периодот од 4 до 11 Јули 2014 година. Проектот повторно е од меѓународен карактер со учество на партиципанти од 6 држави: Хрватска, Бугарија, Романија, Словенија, Турција и Македонија, со подршка од нашите пријатели Волонтерскиот Центар Скопје. Во текот на седумдневната младинска размена и работни активности партиципантите низ дружење и неформална едукација ќе се стекнат со нови знаења и разбирање на проблемот со аутистичниот спектар на нарушувања како надградба на претходно стекнатите искуства кои низ волонтерска работа и залагање можат да ги стават во служба на аутизмот. Преку креативни работилници и размислувања здружението ВО МОЈОТ СВЕТ покрај продлабочување на знаењата и подигнување на јавната свест ќе биде на висина на својата задача и како домаќин ќе ја промовира Република Македонија со сите свои природни убавини, традиции и гостопримство но и како социјална држава во која интензивно се работи на полето на помош и подршка на лицата со аутистичен спектар на нарушувања.

Погледнете го официјалниот плакат ОВДЕ: