Квиз „Среќно семејство“

ab11

Томато продукција започна со емитување на популарниот квиз „Среќно семејство“ со обезбеден фонд на вредни парични награди од ЕВН Македонија. Првата емисија беше од хуманитарен карактер каде на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ му беше доделена втората награда во висина од 30.750 мкд. Донираните средства на здружението ќе одат во неговиот фонд за отварање центар за едукација и рехабилитација, а здружението најсрдечно се заблагодарува на Томато продукција и ЕВН Македонија за доделените средства, како и на семејството Црнокрак кои настапуваа за здружението.