Коктел дружење со книгата „Зошто сакам да скокам“

a123

Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ на ден 16.05.2014 година организираше коктел дружење за родителите од здружението во скопскиот кафе бар „Интермецо“. Со логистичка подршка на АД Мепсо и Ротари клубот „Кирил и Методиј“ на овој настан на секој од родителите им беше поделена книгата „Зошто сакам да скокам“ во издание на издавачката куќа Арс Либрис, од јапонскиот автор Наоки Хигашида, тринаесетгодишно момче со аутизам, кое во вид на мемоари го демистифицира аутистичниот ум, неговото размислување, реакции, емоции и начин на гледање на надворешниот свет. Дружењето на задоволство на присутните помина во пријатна и опуштена атмосфера, дружење и размена на искуства и информации. Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ се заблагодарува на родителите кои одвоија време да присуствуваат на овој настан и се надева на повеќе вакви идни дружења со семејствата.