Предавања по сензорна интеграција во Гевгелија

aa1x

На покана на Фондацијата Аполонија од Гевгелија здружението ВО МОЈОТ СВЕТ присуствуваше со свои претставници на дводневeн семинар во Гевгелија на 12 и 13 Мај 2014 година на тема: Деца со посебни потреби и нивна инклузија „Едукативна подршка, вовед во примена на теоријата за сензорна интеграција“. Семинарот беше во рамките на проектот финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права „Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници” кој го спроведуваат Фондацијата Аполонија и МНЗА –„Македонското научно здружение за аутизам“, а беа одржани од реномираните предавачи Татјана Говедарица, дефектолог-реедукатор за психомоторика и Наталија Ристиќ, дефектолог и сензорно-интегративен терапевт од CSPER-центарот од Белград, Република Србија, со кои здружението ВО МОЈОТ СВЕТ има склучено повеќегодишен договор за соработка и нивно ексклузивно претставување во РМ. Предавањата, првенствено наменети за подршка на воспитувачите, стручниот кадар (дефектолози, психолози и логопеди) инволвирани во работата со деца со развојни нарушувања предизвикаа голем интерес каде покрај теоретскиот дел беа демонстрирани и практични вежби за работа.

Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ се заблагодарува на соработката и поканата на Фондацијата Аполонија од Гевгелија, како и на CSPER центарот за високото ниво на стручност и професионалност на предавачите Татјана Говедарица и Наталија Ристиќ.