Т-Мобиле на гости кај здружението ВО МОЈОТ СВЕТ

1dsc03286x

Фондацијата Т-Мобиле Македонија додели донација во новогодишни пакетчиња на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ кои по повод престојните новогодишни празници беа доделени на дечињата-членови на здружението. Настанот се одржа во просториите на здружението каде во весела празнична атмосфера и во присуство на претставници од Т-Мобиле Македонија за децата беше изведена кратка претстава од младите актери од Театарот за деца и младинци, а харизматичниот Дедо Мраз, на неизмерна радост на дечињата се погрижи околу подарувањето на пакетчињата.

Со надеж за и понатамошна соработка здружението ВО МОЈОТ СВЕТ неизмерно се заблагодарува на Т-Мобиле Македонија за хуманиот гест и покажаната корпоративна одговорност кон семејствата од здружението, а на семејствата и дечињата им посакува среќна и безгрижна Нова година.

 

Поврзани информации: