Хуманитарен настан со MAMA`S и Рингераја

1dsc03238

На 21 декември 2013 година во игротеката Тиквичка се одржа хуманитарен настан во организација на MAMA’S (традиционални рецепти) и семејниот интернет медиум Рингераја, во соработка со здружението ВО МОЈОТ СВЕТ. Во прекрасниот амбиент на игротеката, со музика и песни, како и подршка од аниматорите и Дедо Мраз беа доделени пакетчиња со зимница на социјално загрозените семејства на деца со аутистичен спектар на нарушување, членови на здружението. Исто така, во соработка со ЛИОН Свети Николе здружението ВО МОЈОТ СВЕТ подели и пакетчиња со дел од нивните производи како донација за новогодишните празници. ВО МОЈОТ СВЕТ го изразува своето задоволство од прекрасниот прием и тек на настанот, а воедно искажува голема благодарност до организаторите MAMA’S и Рингераја, како и до Лион-Свети Николе за соработката и подршката на социјално загрозените семејства.