Манифестација „Различни, а еднакви“-2013 година

1dsc03139

По повод  Меѓународниот ден на лица со посебни потреби и оваа година традиционално на 16.12.2013 година се одржа манифестацијата „Различни, а еднакви“ во организација на Детла Ексклузив во Домот на АРМ во Скопје на која учествуваше и здружението ВО МОЈОТ СВЕТ. На манифестацијата присуствуваа родители, здруженија, Институции и поединци инволвирани во работата со лица со посебни потреби, како и претставници од јавните институции, медиуми, бизнис секторот, странски амбасадори во РМ, сите оние кои на некој начин даваат подршка и помош на овие лица покажувајќи ја својата корпоративна одговорност. Под водство на Ирена Спасовска манифестацијата изобилуваше и со музички настап на македонските ѕвезди како Бени, Ристо Самарџиев, Џорлев, Сузана Спасовска, како и кореографски изведби и музички точки на поединци, специјалните училишта, заводи и институции за лица со попреченост. На манифестацијата традиционално се доделија признанија и благодарници на сите оние кои несебично се залагале и на некој начин придонеле во 2013 година на лицата со посебни потреби да им се овозможи подобар живот и социјализација во општеството.

Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ имаше посебно место во годинешното издание на „Различни, а еднакви“ за својата работа и постигнувања на полето на аутистичниот спектар на нарушувања за што доби посебно признание кое го прими волонтерскиот тим на здружението, а плакета беше доделена и на г-нот Иван Петков, амбасадор на Република Бугарија во РМ како голем подржувач на активностите и работата на здружението.

Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ се заблагодарува за укажаната чест и оддаденото признание на организаторот Детла Ексклузив и г-ѓата Гордана Симоновска кои ќе бидат дополнителен мотив за остварување на нови предизвици и успеси на полето на аутизмот во РМ.

Поврзани информации: