Новогодишно дружење 2013-Зоо Скопје

1dsc03107

Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ по повод Новогодишните празници и оваа година на 15.12.2013 година традиционално организираше забава и дружење за своите членови во Едукативното катче во Зоолошката градина Скопје. Во соработка со Тинекс и бугарската амбасада во РМ на дечињата им беа поделени пакетчиња (донација од новогодишниот караван на Тинекс) и играчки (донација од бугарската амбасада). Во музичкиот дел настапија балетското студио Еурека и ѕвездите од Златно славејче со свои изведби, а во општата забава активно се придружија и дечињата-штитеници на здружението. Пакетчињата на радост на дечињата ги подели Дедо Мраз, а играчките г-нот Иван Петков, амбасадор на Република Бугарија во РМ.

Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ изразува задоволство од успешно организираниот настан и благодарност до семејствата за нивното масовно присуство, како и голема благодарност до сите оние кои тоа го овозможија: Зоолошка градина Скопје, балетското студио Еурека, Златно Славејче, а посебно до Тинекс маркетите и г-нот Иван Петков за доделените донации.

Поврзани информации: