Инфо ден на Националната агенција

1xz

На 7 Ноември 2013 година во конгресниот центар на спортскиот комплекс „Борис Трајковски“ Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го одржа својот инфо ден каде ги претстави своите активности и новата програма на Европската комисија „Еразмус плус“. Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ на покана на агенцијата присуствуваше на овој настан каде ја претстави својата успешна приказна: реализацијата на проектот „Волонтеризмот во служба на аутизмот“-Струга 2013 година, проект кој доби високи оценки за својата имплементација. Пред присутните во кратки црти изработениот проект го претстави Горан Галабов, член на здружението и лидер на македонскиот тим на проектот. Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ се заблагодарува на Националната Агенција за укажаната чест со надеж дека пренесените искуства од имплементацијата на проектот ќе бидат мотив за нови успешни приказни во соработка со Националната Агенција.