Волонтеризмот во служба на аутизмот: Посета на Битола

dsc02469

Во рамките на проектот „Волонтеризмот во служба на аутизмот“ беше предвидена и остварена посета на градот Битола поточно на Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас како и прием во Ротари клубот-Широк сокак од Битола. Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ заедно со своите партнерски здруженија од Бугарија, Полска и Хрватска го посетија Заводот каде беа срдечно пречекани и поздравени од директорката на Заводот која ги запозна посетителите со сите типови на дејност кои се извршуваат во Заводот. Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ го избра Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас како една од поистакнатите институции во РМ достојни за претставување пред странските партнери. Бевме поведни низ просториите на Заводот и запознаени со апаратурата и методите кои се користат во оваа институција, како и категориите на лица со посебни потреби кои го посетуваат и престојуваат во Заводот. Здружението се заблагодарува на персоналот за приемот и соработката со Заводот како и на господинот Влатко Стојановски од асоцијацијата на родители Марко Поло експлорер од Битола кој беше во улога на наш домаќин при посетата на Битола.

Потоа партиципантите во проектот се упатија кон хотелот Милениум каде е седиштето на Ротари клубот-Широк сокак од Битола. Таму беа пречекани со пригоден коктел и поздравен говор од претседателот г-нот Несат Аземовски кој ги запозна присутните со целите и мисијата на Ротари клубот-Широк сокак како и можностите за понатамошна соработка на полето на помош и подршка на лицата со аутистичен спектар на нарушувања. Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ се заблагодарува на домаќините за приемот и се надева на понатамошна соработка.

 

Поврзани информации: