Што е Сензорна Интеграција ?

world-autism-day

ШТО Е СЕНЗОРНА ИНТЕГРАЦИЈА Тоа е невролошки процес кој на адекватен начин ги организира сензациите кои доаѓаат од сопственото тело и околината, со што се овозможува ефикасно користење на телото во опкружувањето. Конкретно, таа се занимава со тоа како мозокот го обработува влезот на повеќекратните сензорни модалитети и ги претвара во употребливи функционални резултати. Сензорната интеграција е неопходна за скоро секоја активност која ја извршуваме бидејќи комбинацијата од повеќе сензорни информации е од суштинско значење за нас за да можеме да го сфатиме нашето опкружување.

СЕНЗОРНАТА ИНТЕГРАЦИЈА Е ПРОЦЕС НА УПОТРЕБА НА НАШИТЕ СЕТИЛА ВО

si2

Сензорната интеграција се занимава со тоа како мозокот ги обработува сензорните информации кои доаѓаат од повеќекратни сензорни модалитети. Ова ги вклучува 5-те класични сетила: вид (гледање), слух (слушање), тактилни информации (допир), олфакторни стимулации (мирис) како и густација (вкус). Постојат и други сензорни модалитети, на пр. вестибуларниот апарат (рамнотежа и чувство за движење) и проприоцепција (чувство за сопствената позиција во просторот). Важно е да информациите кои доаѓаат од различните сензорни модалитети бидат веродостојни. Самите сензорни информации се во облик на различни електрични сигнали и во различни контекси. Преку сензорната интеграции мозокот може да ги поврзе сите сензорни информации во кохерентна перцепција, врз база на која нашата интеракција со околината е заснована.

Понекогаш може да постои проблем со кодирањето на сензорните информации. Ова пореметување е познато како сензорно-интегративна дисфункција или SID и понатаму може да се подели на три основни типа: Тип 1 е кога пациентот покажува пореметена сензорна модулација каде тој/таа бара сензорна стимулација поради прекумерен или недоволен одговор на сензорниот стимуланс. Тип 2 е кога пациентот покажува сензорно предизвикано моторно нарушување. Пациентите со овој тип на SID имаат неправилна обработка на моторните информации што доведува до лоши моторички способности. Тип 3 дисфункција на сензорната интеграција се јавува кај пациенти со сензорни пореметувања на запазувањето што доведува до проблеми во постуралната контрола, недостиг на внимание и неорганизираност.

Постојат неколку терапии кои се користат за лечење на SID. Dr Anna Jean Ayres тврди дека на детето му е потребна здрава „сензорна исхрана“ што зависи од активностите кои детето ги извршува и кои му даваат потребни сензорни информации кои тоа треба да ги добие за да може мозокот подобро да ја извршува сензорната интеграција.

Сензорна интеграција Сензорната интеграција ни помага да ги согледаме проблемите во однесувањето кај децата како и да влијаеме врз нив.
Што знаеме за сензорната интеграција?  Во седумдесетите години на дваесетиот век работниот терапевт д-р Jean Ayres ги поставила темелите за развој на теоријата и практиката за пореметена Сензорна Интеграција SI. Д-р Jean Ayres утврдила дека пореметувањето на сензорната интеграција го попречува учењето и развојот на децата со кои работела. Lorna Jean King, Winnie Dunn и Pat Wilbarger, како и други стручни лица ја надоградиле работата на д-р Ayres и со тоа поттикнале клинички истражувања во невропсихологијата, неврологијата и детскиот развој. Објаснувањата добиени од прва рака од самите личности со сензорни пореметувања како што е Temple Grandin во многу помогнале околу подоброто разбирање на пречките во SI, кои ги погодуваат отприлика 10 до 15 % од децата. Овие стручни лица откриле дека различни сензорни дразби кои детето ги преферира и дразби кои не ги поднесува влијаат на играта, работата, учењето и социјалните интеракции како и врз секојдневните активности-облекување и хранење, а исто така и дека постојат специфични техники и стратегии кои можат да помогнат на лицата подобро да ги интегрира и користи сензорните информации.Ова е еден линк за анимиран клип кој може да се искористи за промоција на овој курс: КЛИКНИ ТУКА