Сензорна Интеграција SI Jean Ayres

senzorna-integracija

Вовед во Сензорна Интеграција SI Jean Ayres (ден 1)

За кого е наменет ? Овој еднодневен курс е наменет за работни терапевти, физиотерапевти, логопеди, дефектолози, психолози, педијатри, физијатри, невропсихијатри, студенти, родители, наставници и лица кои се занимаваат со подучување, медицински сестри/медицинари и за секој кој сака да знае повеќе за овој пристап на работа.

Овој еднодневен курс ќе покрие преглед на основните поими на теоријата, процена и третман на сензорно-интегративната дисфункција. По завршување на курсот посетителите ќе бидат во состојба да ги разберат основните принципи на сензорната интеграција и да ја поврзат со теоријата во нивната секојдневна практика. Учесниците ќе се стекнат со познавање на темелите на кои се заснова процената и пристапот на лечење.

Цели: На крајот учесниците ќе бидат во состојба да:

  • Ја разберат дефиницијата на сензорната интеграција.
  • Дадат краток опис на нормалната функција на сензорниот систем и фазите на развој на сензорната интеграција.
  • Го поврзат ефектот на дисфункцијата на сензорната интеграција со видливите недостатоци, проблемите со моторната организација, потешкотиите во однесувањето и учењето.
  • Ја разберат улогата на квалификуваниот терапевт во процената на сензорно-интегративната дисфункција.
  • Дадат краток опис на основните принципи на кои се базира сензорно-интегративниот пристап на лечење.
  • Бидат свесни за мерките на претпазливост кои треба да се запазат кога се користи овој пристап.
  • Почнат да ги истражуваат можностите да врз основа на собраните информации да ги применат техниките на сензорната интеграција во клиничка пракса.
  • Ја разберат важноста од стекнување на понатамошни знаења и вештини од оваа теорија и ваквиот пристап на лечење со посетување на признати курсеви од ваков тип.

По завршување на курсот учесниците ќе добијат сертификати.

НАПОМЕНА:

Стручните лица се задолжителни да учествуваат во понатамошна обука доколку сакаат да ги применат методите на сензорна интеграција во практика.



Поврзани информации: