Нова година во Зоо

dsc01050

Крајот на 2012 година, предновогодишни прославувања, време за Дедо Мраз и подароци, радост и насмевки…Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ во соработка со Зоолошката градина-Скопје организираше новогодишна прослава за дечињата и членовите на здружението со музичка програма и ги израдува дечињата со новогодишни пакетчиња. Настапија музичките ѕвезди од Златно Славејче, Поточиња, потоа детскиот театар Ѕвезда со претставата „Пепелашка“, а едукативниот центар во Зоолошката градина, едно од најтоплите и најомилените детски катчиња во градот беше дури претесен да ги собере дечињата и родителите кои дојдоа во голем број привлечени од убавото време. Настанот го збогати и присуството на романскиот амбасадор во РМ со сопругата. Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ задоволно од одлично поминатиот настан се заблагодарува на сите инволвирани кои тоа го овозможија. Огромна благодарност до Зоолошката градина-Скопје и волонтерскиот тим на Зоо, ѕвездите од Златно Славејче и Поточиња, детскиот театар Ѕвезда и нормално, волонтерскиот тим на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ. Голема благодарност и до донаторите Тинекс МТ, општина Центар, Просветно дело, Црвениот крст на општина Карпош, Лион-Св. Николе, МакПрогрес-Штип, млечен ресторан Ваташа, Виталија и АД Европа.

Посебна благодарност до романскиот амбасадор во РМ, г-нот Јустинијан Фокша и неговата сопруга за нивното присуство,  доделената донација и искажаната подршка до здружението. ВО МОЈОТ СВЕТ  им ја честита Новата 2013 година на сите со желби за успех и добро здравје !

 

Поврзани информации: