Нова Година во Д-р Златан Сремац

dsc00914

По повод предновогодишните прослави, а на покана на вработените од ПОУ Д-р Златан Сремац здружението ВО МОЈОТ СВЕТ учествуваше на прославата што се одржа во просториите на училиштето со пригодна програма и музички настап на штитениците од ова училиште. Здружението одржува одлична соработка со оваа институција, а за оваа прилика ВО МОЈОТ СВЕТ донираше 300 училишни папки. Во прославата се вклучи и Дедо Мраз кој им ги подели пакетчињата на дечињата, а потоа се одржа базар со ракотворби од учениците и пригоден коктел за присутните. Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ  искрено се заблагодарува за поканата и со честитки и желби за успех во Новата 2013 година се надева на многу вакви идни соработки со оваа институција.