Признание од ALUMNI асоцијација

dsc00748

На ден 26.11.2012 година на Машинскиот факултет во Скопје беа доделени признанија и благодарници од македонско-американската алумни асоцијација на сите учесници во проектот „Еднаков пристап до едукативните сервиси за лицата со посебни потреби “, проект во кој учествуваше и здружението ВО МОЈОТ СВЕТ. По тој повод на здружението, неговиот потпретседател г-ѓа Весна Стојановска и на нашата почитувана г-ѓа Јованка Михов им беа доделени признанија и благодарници за учество и посебен придонес во проектот. Здружението се заблагодарува на македонско-американската алумни асоцијација и на проект менаџерот, г-ѓата Ана Лазаревска за одличната соработката и честа што му беше укажана.

Признанијата ги прими дел од волонтерскиот тим на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ.