Терапија со работна активност (occupational therapy)

face

Согледување и осврт на Елизабет Шефер, работен терапевт од Соединетите Држави, близок соработник на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ.
Што е терапија со работна активност?

Светската Федерација на работни терапевти (терапевти кои лечат со помош на работни активности) ја дава следната дефиниција за терапија со работна активност: „Терапијата со работни активности е свртена кон професиите со промовирање на здравјето и добросостојбата преку работни активности“. Со наједноставни зборови, работните терапевти и асистентите на работните терапевти им помагаат на луѓето во текот на животот да ги работат оние работи кои ги сакаат или треба да ги работат, но не можат успешно да ги вршат заради некоја повреда или намалена способност. Интервенциите со обичните терапии со работни активности вклучуваат помош на децата со недостатоци за да се вклучат целосно во училиштето и општествените моменти, помош на луѓето кои се опоравуваат од повреди за да си ги повратат способностите и обезбедување на помош-подршка за постари луѓе кои имаат физички и мисловни промени. Терапијата со работни активности вклучува:

  • Индивидуализирана сеопфатна проценка:

-на пристапот на тоа како клиентот ги изведува задачите дома и/или други опкружувања како што се работното место или училиштето;

-за да се одредат границите на една личност за постигнување на максимално ниво на независност;

-да воспостави цели на терапијата;

-да осмисли прилагоден план за интервенирање за прилагодување на способностите на една личност за да ги изведува дневните активности и да ги постигнува посакуваните цели.

  • Индивидуална или групна терапија

-да му помогне на клиентот да ги постигне целите поставени за време на проценката;

-да ги подобри основните моторни функции и способности за да се компензира трајниот губиток на функцијата и да му се помогне да има независен, продуктивен и задоволен живот.

  • Консултации

-да се образува семејството и другите важни личности кои му даваат помош и подршка за олеснување на секојдневните животни способности;

-препораки можат да бидат дадени за прилагодена опрема и тренинг за користење и водич и образување на членовите на семејството и оние кои помагаат за алтернативните начини за постигнување на независност во секојдневните активности.

Специјалистите за терапија со работни активности имаат холистична перспектива во која фокусот се става на адаптирање на животната средина за да и одговара на личноста, а таа е интегрален дел од тимот за терапија. Работните терапевти работат на многу различни места како болници, училишта, домови и приватни клиники. За да се стане работен терапевт треба да се заврши акредитирана програма за терапија со работни активности; ова е вообичаено за медицинските факултети. За да работите како работен терапевт на пр. во Соединетите Држави треба да имате положено национален испит и да добиете лиценца за да работите во посакуванат држава.

Што работниот терапевт точно работи за децата со аутизам и други нарушувања кои предизвикуваат попреченост во нормалниот развој?

Терапијата со работни активности може да обезбеди интервенции кои можат да им помогнат на децата да развијат соодветни општествени како и способности за учење и играње. Терапевтот му помага на детето да ги постигне и извршува секојдневните нормални задачи како облекувањето, играњето со другите деца и учество во училишните активности. Тие можат зависно од проценката да обезбедат интервенции со кои ќе му се помогне на детето да може соодветно да реагира на информациите кои доаѓаат преку сетилата, да се олеснат активностите при игра, да му се помогне на детето во однесувањето и комуникацијата со другите и да ги образуваат родителите и/или наставниот кадар за да креираат активности и стратегии за да му се помогне на детето да биде независно во извршување на секојдневните активности.



Поврзани информации: