ХУМАНИТАРЕН МЕДИА НАСТАН

dsc00082

На 20.09.2012 на плоштад Македонија во Скопје се одржа мултимедијален хуманитарен настан во организација на македонско-американската алумни асоцијација како завршен дел од меѓународниот проект „Еднаков пристап до едукативните сервиси за лицата со посебни потреби “. Проектот се работеше од 2011 година, а здружението ВО МОЈОТ СВЕТ кое исто така беше беше дел од соработката зема значајно учество во осмислувањето и логистиката на целиот настан. На настанот обележје му дадоа г-ѓата Маја Иванова, министрите Панче Кралев и Спиро Ристовски, амбасадорот на САД во Македонија г-нот Пол Д. Волерс и др. личности од министерствата и установите на РМ како и стручни лица од оваа област. Во музичкиот дел настапија дечиња од градинки, основни училишта, установи и школи за лица со попреченост како и музички ѕвезди од македонската естрада.