Зоо прошетка-8-ми Септември

gir1

По покана на Зоолошката градина-Скопје со која здружението поблиску соработува ВО МОЈОТ СВЕТ организираше прошетка за родителите и децата на 8-ми Септември 2012, а повод беше вториот роденден на жирафчето. Одличното време, а и празничното расположение придонесоа за големата посетеност на Зоолошката градина. Центар на вниманието, се разбира беше славеникот, а здружението имаше и своја агенда со своите членови: прошетка и посета на животните, возење со детскиот воз, како и јавање на пони-коњчето. Децата, а и родителите се забавуваа и уживаа во амбиентот што го нуди Зоолошката градина во Скопје која, мора да признаеме, со заложбите на раководните лица се повеќе добива димензија на престижните зоолошки од светските метрополи. Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ сака да се заблагодари за соработката и добриот прием, а секако и благодарност до родителите и дечињата кои ете се одлучија овој ден да го поминат во дружење.