Терапија со животни

dog

Како терапијата со животни може да помогне во случај на аутизам

Терапијата со животни може да доведе до зголемување на самодовербата и останатите вештини кај децата со аутизам. Човековиот најдобар пријател навистина може да биде вистински и најдобар пријател на вашето дете-осврт на некои студии за интеракцијата помеѓу домашните миленичиња и децата со аутистичен спектар на нарушувања. Многу од родителите се изненадени кога ќе ја видат релацијата што се воспоставува помеѓу нивните аутистични дечиња и животните. Тоа најчесто настанува спонтано-тогаш кога се чудите како да помогнете да се подобри комуникацијата и социјалните вештини на вашето дете забележувате дека тоа е целото разиграно, посреќно и повеќе сконцентрирано кога домашното милениче е со него. Или можеби сте слушнале за силното влијание што животните го имаат на некои деца со аутизам од некој друг родител. Што и да е во прашање се чини дека е време вашето детенце да го воведете во чудесниот свет на животните.

Терапија за аутизам потпомогната со животни

Да се има во семејството домашно милениче или да се има било каква интеракција со животни може во голема мера да придонесе за подобар третман и ефекти кај децата со аутизам. Има многу искази и од родители и терапевти дека интеракцијата со животни може да донесе и физичка и емоционална придобивка кај овие дечиња. Терапијата со животни може да биде од едноставно воведување во животот на семејството ново домашно милениче до внимателно структурирана и одбрана програма за работа како јавање на коњи или пливање со делфини и сл. Контактот со животните допринесува децата со аутизам да се развијат подобро во физичка смисла и да се подобри нивната сила, координација и физички способности. И што е најважно, бидејќи многу од луѓето уживаат и наоѓаат задоволство во нивниот однос со животните па така и кај децата со аутистичен спектар на нарушувања може да придонесе тие подобро да се чувствуваат генерално и со поголема самодоверба.

Животните и аутизам: истражување

Додека повеќето од истражувањата сеуште ги испитуваат конкретните ефекти и придобивки од терапијата со животни за аутистичен спектар, многу истражувања и искуства покажуваат дека истата помага во голема мера. Уште во 70-те години Дејвид Натансон, психолог и истражувач работел на судија за тоа како делува интеракцијата на делфините со деца со посебни потреби. Тој увидел дека додека се во близина на делфините на дечињата им се зголемува вниманието и концентрацијата, се зголемува интензитетот на размислувањата, побрзо учат и ги задржуваат и меморираат информациите подолго. Од поновите истражувања една студија во угледното списание Western Journal of Nursing Research дава осврт на влијанието на кучињата врз деца со аутистичен спектар. Во студијата децата биле изложени на игра со топка, плишано куче и живо, вистинско куче под надзор на терапевт. Дечињата кои играле со живото куче биле во подобро расположение и повеќе свесни за својата околина отколку другите деца кои играле со плишано куче или топка. Доколку сте заинтересирани за ваква терапија со животни за вашето дете разговарајте со докторот или терапевтот кој може да ви понуди совет и информации од овој тип. Кај нас, во Македонија веќе постојат почетоци на вакви проекти. Во западните земји како Америка има и специјализирани служби како Autism Service Dogsкаде може да добиете домашно милениче (најчесто куче) специјално обучено за работа со деца со аутистичен спектар. Некои и од семејствата се одлучуваат за посвојување на домашно милениче (куче) кое во голема мера може да помогне на детето како придружба кога ќе излезе од дома, оди на училиште или чисто да делува смирувачки и благопријатно врз детето. Домашните миленичиња многу брзо стануваат дел од семејството нудејќи љубов, друштво и придружба, а кога се работи за семејство со дете со аутистичен спектар-тогаш придобивките можат да бидат и многу поголеми.

Терапија со коњи за деца со Аспергеров синдром и аутизам

И Аспергеровиот синдром и аутизмот се поткатегории на поширока категорија нарушувања означени како первазивни развојни нарушувања. Тие имаат слични карактеристики со тоа што кај Аспергеровиот синдром се во поблага форма, а кај двата вклучуваат намалена вербална и невербална комуникација, изразена фокусираност на едно или две полиња на интерес, намалени вештини и репетитивни говорни шеми. Затоа типичните третмани за овие две нарушувања опфаќаат програми фокусирани на модификација и подобрување на однесувањето. Во третманите понекогаш се вклучени и медикаменти но само како контрола на хиперактивноста и смалување на интензитетот на карактеристичните реакции. Истражувањата на поле на терапија со животни е сеуште метода во развој. Сепак кај сите професионалци од оваа област присутен е фактот дека оваа терапија може да даде големи придобивки како дополнителна програма во третманот на децата со Аспергеров синдром и аутизам. Се чини дека терапијата со коњи засега дава најдобри резултати. Ритмичките движења при јавањето коњи доведува да децата се фокусираат на движењата-кои се спори, промислени и релаксирачки. Детето индиректно сфаќа и учи како да се сконцентрира подобро што е надополнето со смирувачкиот ефект на јавањето. Некои од школите наменети за јавање имаат принцип да остават коњот да го избере детенцето, за што сметаат дека е поделотворно отколку однапред да се одреди. Тоа е навистина уникатен метод што покажал одлични резултати. Искуството со движењата при јавањето ги стимулираат тактилните (за допир) сензори. И бидејќи кожата и телото на коњот се влакнести, гривата и опашката погруби, а муцката и носот нежни откритието на овие сензации го вади детето од контекс и го стимулира развојот на вербалната комуникација и интересот за други физички објекти. Моторичките вештини исто така напредуваат како што детето учи да јава. Јавањето коњи нуди сигурни околности каде терапевтот или стручното лице се на лице место каде што се учат овие нови вештини. Учењето на овие нови вештини дава голема доза на самоувереност кај детето и ја зголемува желбата и волјата за учење нови работи било дома, на училиште и сл. Учењето сега не е повеќе „страшна“ работа туку може да биде забавно, интересно и да се добие награда при тоа. Способноста на детето за социјална интеракција исто така се зајакнува и подобрува. Тука е советникот (тренер) и лицата од персоналот па терапевтот го учи детето и како да се однесува со нив. Постојат и групни сесии каде детето работи и игра со други дечиња, советници, се учи како да се справува со одредени настанати ситуации притоа и како да им биде од помош на другите дечиња. Кај многу од децата вклучени во ваква терапија има подобрување и целосното нивно расположение и однесување. Така децата кои претходно биле избувливи, бесни или ретко се насмевнувале одеднаш станале посмирени, насмеани, доброволни и поконстантни во однесувањето. Разиграната природа на животните вклучени во терапијата се чини дека ги одоброволува и смирува дечињата со аутистичен спектар, едноставно си „извлекува“ од нивниот оклоп на затвореност, подобрувајќи ја на тој начин нивната комуникација и целокупносто расположение. Стапувајќи првенствено во интеракција со животните овие дечиња исто така пројавуваат подбрување во воспоставувањето контакт со очите, а со тоа и поотворени за воспоставување релации: прво со животните, потоа со луѓето.