Когнитивно-бихевиорална терапија за аутистичен спектар на нарушувања

571views

autism1

Когнитивно-бихевиорална терапија како третман кај аутистичниот спектар на нарушувања: од искуството и согледувањата на Ивица Павлов, стручно лице, член и соработник на здружението ВО МОЈОТ СВЕТ:

Меѓу испробаните и достапни терапии за аутизмот е когнитивно-однесувачката (бихевиорална) терапија (КБТ). Овој тип на терапија се разви и еволуираше последниве години, а произлезе од основите на когнитивната терапија развиена таму некаде во 50-те и 60-те години од минатиот век. Значи КБТ се базира на премисата дека мислите, чувствата и дејствувањето влијаат едни на други. КБТ е камен-темелник на психотерапијата кај лица со аутизам. Таа е алатка врз основа на премисата дека кај овие лица нема вродена емоционална и социјална свест за да можат овие вештини успешно да бидат применети. Третманот на лицата со аутизам подобро е да се случува во нивната секојдневна животна средина отколку во болница. Основната цел е да им се помогне на децата да живеат и функционираат во реалниот свет, а не вештачки како во институции. Поради оваа причина на местото каде третман се врши во природната средина на детето (дома, училиште) акцијата е препуштена на родителите. Се користат методи врз основа на принципите на однесувањето, кои се научно докажани, со цел да се изградат репертоари на однесување кои се во служба на намалување на проблемите во однесувањето.

Препорачана почетна возраст за КБТ е 8 години. За помладите деца се препорачуваат социјални приказни, за да се разбере како детето ја гледа ситуацијата наспроти она што навистина се случува. КБТ ги учи лицата со аутизам да станат свесни за себе, да ги откријат сопствените предизвикувачи на вознемиреност и да развиваат сопствени методи за справување со ескалацијата на емоциите. Се препорачува термометар со цртање за да ги следат вознемирувачките влијанија. Позитивното е што се поттикнува детето да равива сопствена стратегија за саморегулација наместо решенија наметнати за нив. КБТ е особено ефикасен за тоа како овие лица да научат да ги анализираат сопствените чувства, како и оние на другите. Од аналитичко-однесувачка гледна точка аутизмот е синдром на пореметувања и ексцеси во однесувањето врз основа на невролошки фактори, без оглед на нормалната средина. Детето учи како да се учи од сопственото однесување. Секоја можност е поделена на мали чекори и секој чекор се изучува поединечно со презентација на одредени инструкции (јасни и експлицитни). Адекватните одговори имаат ефекти кои работат на принципот на условеност со награда:

-кога детето ќе направи нешто добро-наградете го веднаш. Однесувањето и наградите треба да се случат речиси истовремено. Наградите можат да бидат во траење од само 3-5 секунди (различни) и конкретни (сладолед, бакнежи, пофалби). 

-како што детето се развива повеќе така наградите треба да станат повеќе социјално ориентирани (браво, одлично, добро).

-транзициите исто така продолжуваат да се наградуваат делумно. 

Учењето се повторува неколку пати, првично во секвенца додека детето не реагира доволно брзо и без помош на возрасни.

Приказни од родители:

Горан: Моето лично искуство со користење на КБТ за мојот син е многу позитивно. Во соработка со неговото средно училиште син ми беше во можност да одговори на стрес-индуцирачки ситуации со негова сопствена активност. Дома кој тој станува вознемирен знае само она што треба да го направи-влегува под сопственото ќебе и го слуша неговиот iPod. Има можност да се грижи за себе, а забележав дека расте неговта самодоверба и доверба.

Мирјана: КБТ може да биде корисна во во справувањето со ниско функционирање во аутизмот. Подготвена да го лекувам мојот син со антипсихотици, јас како мајка прашував што да направам во врска со ниското функционирање на детето кое крши низ куќата секојпат кога се враќа дома. Однесувањето на детето стана  ритуализирано и укажа на висока анксиозност. Ми препорачаа попречување на моделот со тоа што детето ќе се вклучи во физичка активност и ќе влегува во куќата од различна врата.

Преку користење на принципите на КБТ родителите на децата можат да ја преземат улогата на мотиватори и решенија. Когнитивно-однесувачката терапија е одлична форма на третман за лицата со аутистичен спектар на нарушувања. Друга предност е користење на расположливи ресурси (родители и наставници) кои успешно можат да ја користат дома или во мали групи. КБТ не носи опасности или предупредувања, а истражувањата ги покажуваат сл. резултати:

-поголема веројатност да иницираат позитивна општествена интеракција со врсниците;

-обезбедуваат повеќе релевантни решенија за социјалните проблеми;

-се добиваат повисоки социјални вештини;

-намалена анксиозност, депресија, опсесивно-компулсивно нарушување и самоповредување, намалено стереотипно и самостимулирачко однесување;

-намалена несоодветна вокализација;

-учат како да покажуваат соодветни играчки вештини.

Во прилог за повеќе инфо за КБТ терапијата кај аутизам кликни ОВДЕ

Поврзани информации: