Терапија за говор кај аутистичен спектар на нарушувања

speech-therapy-plano-frisco

Што е всушност терапевт за говор (логопед)? Терапијата за говор вклучува третман на говорните и комуникациски нарушувања-што значи таа опфаќа многу широк дијапазон. Сертифициран патолог за говор мора да поседува докторско звање. Може да работи приватно, во клиника, во училиште или институција и може да работи истовремено и како дел од едукациски тим. Се користи со широк спектар на помагала и интервенции, почнувајќи од играчки или игра како терапија до формални тестови и наставни планови.

Зошто лице со аутизам би требало да оди кај терапевт за говор? Скоро секој што е дијагностициран со аутистичен спектар на нарушување ќе биде препорачан да оди кај терапевт за говор. Ова можеби изгледа чудно но повеќето аутистични лица се или без говор или премногу зборуваат (во краен случај). Дури и премногу вербално експонираните случаи на Аспергеров синдром има прилично често погрешна употреба (вон контекс) или неразбирање на секојдневниот говор. Дури и невербалните (без говор) лица можат секако да развијат комуникациски вештини-дури и интензивен говорен јазик.

Што може терапевтот за говор да направи за лицата со аутизам? Говорната терапија е нешто многу повеќе од едноставно учење на детето правилно да ги изговори зборовите. Всушност терапевт за говор кој работи со дете или возрасно лице со аутизам може да употреби повеќе вештини кои вклучуваат:

Невербална комуникација. Ова подразбира учење на комуникација со гестикулирање или терапија PECS (picture exchange cards), електронски направи за зборување и други алатки за невербална (без зборови) комуникација).

Говорна прагматика. Многу добро знаеме да кажеме пр. „Добра ден“ но исто толку важно е да знаеме кога, како и на кого да му кажеме.

Конверзациски вештини. Знаењето како да се формулира изјава, објава, реченица не е исто што и надоврзување (продолжување) на разговорот. Терапевтот за говор може да работи на т.н. назад-напред замена, исто позната како комбинирано (споено) внимание.

Концептуални (поимовни) вештини. Способноста на лицето да каже апстрактен поим не значи и дека секогаш е во можност да го разбере. Лицата со аутизам многу често имаат проблем со поимите како „неколку“, „правда“ или „слобода“. Затоа говорниот терапевт работи на изградба на вакви концептуални вештини.

Револуционерна домашна терапија на слушање-разработена од мајка чија ќерка се опоравила од аутизам.  Дали вашето дете е „слаб“ слушател, заостанува со развојот на говорот, сетилната интеграција, има проблеми со процесирање на слушнатото или е во аутистичниот спектар на нарушувања? Користењето на сетилото за слух и слушањето се два тотално различни процеси. Слухот е повеќе пасивен процес, доволни се само ушите да го регистрираат звукот. Вистинското слушање е прилично активен процес и го вклучува мозокот да ги интерпретира примените звуци. Вистинското слушање вклучува желба и намера да се „вклучиме“ и да обрнеме внимание. Ако увото не ги регистрира сите фреквенции на звукот детето е веднаш ставено во неповолна позиција за учење бидејќи гласот исто така нема да ги содржи сите звуци и телото нема да може да ги интегрира сетилните надразби (информации) оптимално. Увото е многу повеќе отколку само едноставно прибирање на звуците. Увото ја контролира рамнотежата и координацијата. Го контролира мускулниот тонус, дури и тонусот на мускулите на очите. Го анализира звукот и ги пренесува сите сетилни информации до мозокот. Една од најважните работи што нашите уши ја прават е што ни даваат енергија: го полнат мозокот. Затоа овие различни улоги што ги има увото имаат големо влијание на тоа како функционираме физички, ментално, емоционално, социјално и во комуникацијата со другите.

Што е Lollipop слушна терапија?  Тоа е програма која ги оспособува и тренира ушите и мозокот за подобар прием на звукот со раздвижување и зајакнување на мускулите на средното уво за подобро да го филтрираат звукот. Се зајакнуваат ушите исто како што се оди во теретана и се зајакнува телото. Ако ушите на вашето дете не ги примаат доволно ефективно надворешните звуци тогаш тоа имаа проблем со слушањето и затоа не се однесува соодветно па затоа е во неповолна состојба за учење, комуникација и социјализација. Ушите на вашето дете се основата на неговото здравје. Тие се барометар според кој можете да утврдите колку добро функционира физички, во училиштето, комуникацијата и социјализацијата. Оваа интензивна домашна програма на слушање која користи модулирана музика од Моцарт стана уникатна вештина, користена како ниедна друга од овој тип. Изграден е ексклузивен „уво и мозок“ протокол кој ги стимулира зоните од кората на мозокот може да помогне во развивањето на способноста за говор, комуникација, за поголема ангажираност и социјализација, работата на фината и грубата моторика (да биде соодветна на возраста), да ја поттикне креативноста и да го прилагоди сетилниот систем, создавајќи подобар слушател, кој е почувствителен на слушните и сетилни информации. Тоа го прави детето поотворено за учење и подобар живот. За повеќе инфо КЛИКНИ ОВДЕ