ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ-Карпош

10k

По примерот со соработката со општината Аеродром здружението ВО МОЈОТ СВЕТ на 21.04.2012 организираше хепенинг и во општината Карпош во одлична атмосфера и соработка со истата, како продолжение на кампањата ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ.  Поради нестабилните временски прилики општината Карпош ја отстапи салата за овој настан. Во првиот дел настапија Софија од Златно славејче и дечињата од градинките Мајски цвет, Пролет и Распеана младост со свои точки и кореографија. Вториот дел од настанот беше мини колонија-уметничка работилница на светски признати македонски уметници: Григор Чемерски, Росица Лазеска, Владимир Симеонов, Емил Шулајковски, Симонида Филиповска Китановска, Тања Таневска, Шќипе Мехмети, Менсур Бојда, Касиопеја, Марија Светиева, Цветанка Јованова, Јулијана Гешоска, Жанета Радевска…Сите тие изработија свои слики во различни техники кои беа донирани во здружението. ВО МОЈОТ СВЕТ изразува голема благодарност за нивното залагање и присуство на настанот. Благодарност до општината Карпош и градоначалникот за подршката, благодарност до дечињата кои со својот настап го направија овој настан уште поразигран. Здружението ја приведува кампањата ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ во завршна фаза со уште неколку преостанати настани од агендата.