ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ во Аеродром

img_2042

Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ продолжува со априлската кампања за будење на јавната свест. Овој пат, на 11.04.2012 во агендата беше настанот во паркот Јане Сандански во општината Аеродром, реализиран со одлична логистичка подршка од општината и градоначалникот. Во музичкиот дел настапија ѕвезди од Златно Славејче и дечиња од градинките Срничка и Буба Мара од Аеродром со своја кореографија, на кои здружението им искажува голема благодарност за нивното залагање и учество.

„Таму каде има музика и убавина-таму и минувачите се задржуваат“-вели една поговорка, а убавото време навистина привлече и многу случајни и намерни минувачи на кои им беа поделени информативни флаери за настанот, кампањата и проблемот со аутизмот. Задоволството и насмевките на лицата на најмладите беа најдобра потврда за успешноста на овој настан. Кампањата ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ продолжува…

 

Поврзани информации: