Меѓународен ден на аутизмот (2-ри Април, 2012)

voin-na-konj

На 2-ри Април, 2012 здружението ВО МОЈОТ СВЕТ во соработка со Македонското Научно Здружение за Аутизам го одбележа меѓународниот ден на аутизмот на плоштадот Македонија во Скопје со пригодна програма и настап на музички ѕвезди. На настанот беа присутни г-ѓа Маја Иванова, покровител на манифестацијата, претставници од ресорните министерства, професори, доајени од областа на аутизмот во Македонија, родители со своите деца, познати музички ѕвезди. Настанот го отворија претседателите на здруженијата г-динот Златко Стојановски и проф. д-р Владимир Трајковски. Во тек на двочасовната осмислена програма покрај настапот на музичките ѕвезди на дигиталниот билборд одеа кратки информативни филмови поврзани со аутизмот, најмладите ја цртаа и обојуваа панделката-симбол на аутизмот, а фонтаната Воин на коњ беше осветлена во сино, со што и нашата држава се приклучи на светскиот проект LIGHT IT UP BLUE.

Здружението го оцени целиот проект (како почеток на кампањата ЕДЕН СВЕТ ЗА СИТЕ) мошне успешен и изразува голема благодарност до сите учесници, спонзори, поединци и институции кои тоа го овозможија. Посебна благодарност здружението изразува до г-ѓата Маја Иванова, покровител на настанот, благодарност до град Скопје и општина Центар, подржувачите Медиа Сити, Hipp Macedonia, нашите драги соработници Млади за љубов (со проектот Гратис Гушкање) и волонтерскиот тим на здружението.