Донации на здружението

Здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ во рамките на својата програма и мисија има направено повеќе донации  на училишта, градинки,  поединци и ќе настојува да донира и помогне и во иднина. Од  досегашните донации ги издвојуваме:

2011

  • донација на прехранбени продукти на ПОУ Д-р Златан Сремец
  • донација на играчки во Ј.У. Детски дом 11 Октомври
  • школски материјали на Ј.У. Општинска детска градинка „Распена младост“ – Скопје
  • донација на опрема потребна за работа на децата од Детскиот клуб Лилипут
  • донација на првата детска амбасада-Меѓаши на школски материјали
  • донација на Македонско Монтесори Здружение на школски материјали
  • донација на опрема потребна за работа на децата од  Детскиот клуб Лилипут (од Медикус Хелп) – за сензоријална терапија
  • донација на опрема на детскиот клуб Лилипут од англиската фирма РОМПА
  • донација на опрема за работа на децата од Дневниот центар во Штип од англиската фирма РОМПА
  • донација во рамките на одржаниот новогодишен базар во Зоолошката градина во Скопје: донирани 150 новогодишни пакетчиња
  • донација на Еурека-новогодишни пакетчиња

——————————————————————————————————-
2012

  • донирани се 300 парчиња училишни папки во ПОУ „Иднина“
  • донирани се 300 парчиња училишни папки во ПОУ Д-р Златан Сремац
  • донирани 122 новогодишни пакетчиња во ПОУ „Иднина“

Покрај наведените донации здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ во рамките на своите можности има помогнато и повеќе родители и поединци како финансиски така и материјално.

——————————————————————————————————-

2013

  • повеќекратни донации на млечни производи (од Здравје-Радово) на семејствата-членови на здружението
  • донација на прехранбени продукти (од ЕБР) на семејствата-членови на здружението
  • бесплатна еднодневна екскурзија во Крушево на дел од дечињата и родители-членови на здружението
  • донација бесплатно десетдневно летување на море во Р. Црна Гора за дечиња со родители-членови на здружението
  • донирани детски играчки (од амбасадата на Р. Бугарија) на дечињата-членови на здружението
  • донирани 150 новогодишни пакетчиња (од Тинекс) на дечињата од здружението
  • донирани пакет прехранбени производи (од MAMA`S) на семејствата-членови на здружението
  • донирани 60 новогодишни пакетчиња (од Т-мобиле фондација) на штитениците од ПОУ Д-р Златан Сремац-Скопје
  • донирани новогодишни пакетчиња (од Виталија и Лион-Св. Николе) на деца со попреченост во развојот

——————————————————————————————————-