Организација на симпозиум за образовна свест

На ден 05.11.2011 год, во хотел Александар Палас здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ организираше Симпозиум за образовна свест: Зајакнување преку знаење, со наслов : „Разбирање на посебните потреби на децата со аутистичен спектар на нарушувања “.

Целта беше да и се понуди на јавноста и знаење и подршка во врска со третманите и расположливите ресурси за децата со аутистичен спектар на нарушувања. Овој симпозиум беше отворен од страна на Амбасадорот на Соединетите Американски Држави господинот Пол Д. Волерс, а потоа беше прочитано отворено писмо од Г-ѓа Маја Иванова која од оправдани причини не можеше да присуствува на симпозиумот. 

Околу 200 учесници, вклучувајќи, медицински професионалци, специјални едукатори, невладини организации, претставници од општини од градот Скопје и Република Македонија и родители го посетија симпозиумот.