Одржан хуманитарен Новогодишен базар

На ден 25.12.2011 година здружението на граѓани ВО МОЈОТ СВЕТ во соработка со Балетското студио ЕУРЕКА и Зоолошката градина во Скопје организираа хуманитарен новогодишен базар кој се одржа во Едукативното катче во Зоолошката градина. Балетското студио ЕУРЕКА настапи со кореографски игри. Здружението ВО МОЈОТ СВЕТ донираше 150 новогодишни пакетчиња.